Утрински Весник
Свет

По острите критики кон власта во Ерменија, министри поднесуваат оставки

Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение

По острите критики на сметка на владата на Ерменија, министерот за економија, Тигран Качатријан понуди оставка, соопштено е од неговиот кабинет.

Критиките се упатени поради прифаќање на договорот со Азербејџан во Нагортно-Карабах.

Овие информации ги соопшти портпаролот на министерот, по именувањето на новите министри за одбрана и надворешни работи во владата на Ерменија, пренесе Ројтерс.

Владата на премиерот Никола Пашанијан е под голем притисок од незадоволните граѓани, кои демонстрираат и бараат негова оставка, зашто прифатил да се стави крај на борбата во Нагорно-Карабах, енклава во Азербејџан, во која Ерменците се мнозинство народ.

Пашанијан одби да поднесе оставка и најави шестмесечен акционен план, со кој би се осигурала безбедноста на Ерменија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Експлозија во рафинерија за нафта во Турција

Лами: Британија не испраќа војници во Украина

Осумгодишно девојче и нејзиниот татко се тешко ранети во престрелка во Лондон