Министерката за детски права во Велика Британија, Вики Форд, денеска изјави дека нема простор за расизам во општеството откако Меган Маркл, сопругата на принцот Хари, обвини дека некој од британското кралско семејство бил загрижен за тоа колку ќе биде темна кожата на детето, пренесува „Ројтерс“.
Меган, чија мајка е Афроамериканка и чиј татко е белeц, рече дека додека била бремена и го чекала раѓањето на нејзиниот син Арчи (2), во палатата била изразена загриженост за тоа колку ќе му биде темна кожата кога ќе се роди.
„Расизмот апсолутно нема место во нашето општество“, изјави Вики Форд за „Скај њуз“.
Таа додаде дека не го гледала интервјуто на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл во емисијата на Опра Винфри на американската TВ-станица Си-би-ес, што се емитуваше синоќа.