Утрински Весник
Свет

По новите санкции на Бајден: Русија сега ја обвинува Америка дека крие биолошко оружје во Украина

По новите санкции на Бајден: Русија сега ја обвинува Америка дека крие биолошко оружје во Украина

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова на денешната прес-конференција во Москва изјави дека утврдила оти САД кријат биолошко оружје во Украина.

Таа побара од САД да откријат детали за биолошката програма. Захарова тврди дека видела документи кои ги поткрепуваат овие тврдења, а според неа, САД кријат биолошко оружје во близина на руско-украинската граница.

Таа, исто така, рече дека програмата ја води Министерството за одбрана на САД.

Обраќањето на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи доаѓа по новите санкции на Соединетите Американски Држави.

За потсетување, американскиот претседател Џо Бајден го забрани увозот на руска нафта и гас.

Можете да прочитате

Шпанските машиновозачи ќе штрајкуваат по сериозните несреќи

Американски министер: Гренланд мора да биде дел од САД, Данска е небитна

Трамп тргна за Давос, ќе се обрати во 14.30 часот по европско време