Утрински Весник
Македонија

По неколку децении улицата „Кирил и Методиј“ во Кочани ќе добие канализација и асфалт

По неколку децении улицата „Кирил и Методиј“ во Кочани ќе добие канализација и асфалт

Кочани, 7 мај 2020 (МИА) – Општина Кочани го почна проектот за изградба на фекална и атмосферска канализација на улицата „Кирил и Методи“, како дел од активностите што претходат за нејзино асфалтирање.

На изведбата се работи половина година, а изграден е колектор со должина од околу 500 метри што веќе функционира и на кој е приклучена постојната фекална канализација. Од предвидените осум краци, со вкупна должина од еден километар, изградени се три. Паралелно се гради и атмосферска канализација со сливни решетки и улични сливници.

– Изведбата на канализацијата на овој потег во градот е една од најсложените градби и е меѓу најскапите проекти од ваков вид, за кој се наменети 9,5 милиони денари. Покрај тоа што ја решаваме инфраструктурата на која се чекало со децении, се создаваат можности за изградба на нови објекти за индивидуално домување. Со овој канализациски дел се зафаќаат атмосферските и отпадните води од поширок простор над Белскиот Дол, од околината на Споменикот на слободата, сѐ до крајот на улицата „14 Бригада“, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Градежните работи за изведба на канализациската мрежа ги изведува фирмата „Калина“ од Оризари, а по нивното завршување избраниот изведувач „Ленди груп“ ќе ги асфалтира четирите краци од улицата „Кирил и Методиј“ во вкупна должина од 750 метри.та/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кај село Миравци пронајдена удавена жена

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава