Утрински Весник
Македонија

По најдолгиот полициски час, гостиварци излегоа од домовите

По најдолгиот полициски час, гостиварци излегоа од домовите

Гостивар, 21 април 2020 (МИА) – По осумдесет и петчасовниот полициски час, поголем дел на гостиварци го искористија денот да излезат од домовите. Дождливото време го зголеми и бројот на автомобили по улиците што придонесе за метеж по главните сообраќајници низ градот.

Најмногу редици имаше пред филијалите на банките и забележително беше дека граѓаните не ја почитуваат оддалеченоста што се препорачува.

За ова беше дискутирано и на десетиот состанок на Меѓуопштинскиот штаб и уште еднаш беше упатен апел за воведување на ред и држење растојание.

Локалната самоуправа планира од идниот вторник да го отвори големиот градски пазар доколку бројките на заболените бидат согласно очекувањата. згм/бак/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ТАВ Македонија донираше најсовремена медицинска опрема на клиниката за респираторни заболувања кај децата Козле

ЦУК: Во Охрид и Кичево водостоите зголемени, нема излевања

Николоски: Автопатот Прилеп–Битола се гради со силна динамика, готов до 2028 година