Утрински Весник
Македонија

По еден новозаболен во Прилеп и во долненско Црнилиште, каде почина и 72-годишна жена

По еден новозаболен во Прилеп и во долненско Црнилиште, каде почина и 72-годишна жена

Прилеп, 11 јуни 2020 (МИА) – Еден новозаболен во Прилеп и еден од селото Црнилиште, општина Долнени, се денеска регистрираните нови случаи заразени од корона вирусот, информираат од прилепскиот Центар за јавно здравје Како последица на коронавирусот, почина 72 годишна жена, жител на Црнилиште, општина Долнени.

Од заразната болест оздравеле четири лица. Сега, во Прилеп се 23 активни случаи, од кои 18 пациенти се наоаѓаат на домашно, а 5 на болничко лекување.

На инфективното одделение во прилепската болница се  хоспитализирани три лица позитивни на коронавирусот. На четири лица, сомнителни на КОВИД-19 земен им е брис и се чекаат резултатите.

Во Прилеп моментно во самоизолација се наоѓаат 54 лица.

Секодјневно се зголемува бројот на изречените прекршочни пријави за граѓаните кои не носат заштитни маски. Вчера на 30 граѓани им се изречени прекршочните пријави.ем/лв/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче промовираше Антикорупциски тим на СДСМ: Нова сила против криминалните шеми на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со соопштението „Мицкоски најавува избори“, покажува дека се плаши од соочување со народот

Кривична за директорка на средно училиште во Делчево, доставила фалсификуван тест за познавање на аглиски јазик од Бугарија