Десетици филмофили со маски на лицето чекаа во редица пред „Бау Тај Маџестик 6“ во центарот на Стемфорд, Конектикат, за да ја гледаат една од првите проекции на најскапиот холивудски филм „Тенет“.
Тие ги зазедоа своите места во вторникот вечерта, посматрајќи ги празните седишта меѓу себе со мало чудење, но, со видлива возбуда дека се враќаат во кино за прв пат по многу месеци.
Неколку љубители на филм, воглавно на возраст од околу 25 години, на репортерите пред киносалата им рекоа дека секој вторник оделе во кино пред затворањето во март. „Ова е тоа вистинското“, рече еден од нив. „Да го гледаш последниот спектакл на Кристофер Нолан овде или подоцна на мал екран се две сосема различни нешта.“
Уште повеќе Американци ќе се вратат назад во киносалите овој викенд, кој ќе биде многу поинаков од сите претходни во последниве шест месеци, откако пандемијата ги затвори киносалите.
По неколкунеделните проекции на дела од филмскиот каталог и помали изданија, мега-хитот „Тенет“ за чие снимање беа потрошени 200 мииони долари е првиот главен настан што мора да се види. Овој филм е лакмус тест за тоа колку се подготвени американските гледачи на филмови да се вратат во киносалите, коментираат американските медиуми.