Утрински Весник
Свет

По два месеци пауза, коронавирусот се врати во Токио

По два месеци пауза, коронавирусот се врати во Токио

Во Токио се забележани над 100 новозаболени од коронавирус што е најголем број на нови случаи во последните два месеци.

Последниот рекорд е забележан на 2 мај, кога биле потврдени 154 нови случаи, пренесе јапонската агенција „Кјодо“.

Поради најновите податоци расте стравот од втор бран во јапонската престолнина, каде претходно почна постепено враќање на животот во нормала.

Вкупниот број на заразени во Токио моментално е 6.292, а бројот на новозараени постепено расте од укинувањето на вонредната состојба на 25 мај, претежно меѓу младите лица кои постуваат или работат во ноќните клубови.

Текстот По два месеци пауза, коронавирусот се врати во Токио е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп помилува две мисирки – пред церемонијата беа во луксузен хотел

Најмалку 65 загинати во пожарот во Хонг Конг, многумина сè уште се водат како исчезнати

Данското МНР воведе посебна смена за следење на изјавите и работата на Трамп