Градот Скопје во соработка со УНДП почна со уредување на вториот зелен покрив во центарот на градот – покривот на Домот на градежници. Според проектот, на површина од речиси 400 квадратни метри ќе бидат засадени повеќе од 30 различни видови садници – дрвја, средно и ниско зеленило кое ќе биде функционално распоредено, ќе има тревна површина и вертикално зеленило поставено на ѕидовите, ќе се постават и клупи и друга урбана опрема, а ќе се врати и култното кино.
– Денеска почнуваме голема реконструкција на покривот на Домот на градежниците – една култна стара зграда во центарот на Скопје, изградена пред децении, која што во своето златно доба била место каде што се собирале градежните работници и учествувале во своето културно издигнување. Посебно бил значаен покривот на таа зграда каде што се случувале многу културни настани. Познат е како „Киното на Домот на градежници“ кое со овој зелен покрив ќе го вратиме – изјави Никола Наумоски, претставник од Град Скопје, на денешната прес-конференција.
Тој дополни дека по реконструкцијата на покривот на оваа зграда, просечната температура на годишно ниво ќе биде намалена за три степени, со што во летниот период ќе се намали и температурата пред околните згради во близина на Домот на градежници. Наумоски објасни дека покривот на Домот на градежници има две нивоа, а и на двете нивоа ќе биде поставено зеленило.
Дополнително, околу оградата ќе биде поставен дрворед од густи дрвја. Инаку, запуштениот и руиниран покрив на Домот на градежници во Стратегијата за климатски промени на проектот „Отпорно Скопје“ беше препознаен како едно од неколкуте места наречени „урбани топлотни острови“ кои влијаат на зголемување на просечната температура во градот.
Согласно со податоците од релевантни истражувања, температурите на зелениот покрив можат да бидат пониски од 16 до 22 Целзиусови степени споредено со конвенционалните покриви. Со тоа, температурите на околината можат да се намалат до 3 Целзиусови степени, при што потрошувачката на електрична енергија потребна за ладење на овие објекти би се намалила за 0,7 отсто.
Проектот за изградбата на Зелен покрив на Домот на градежници е финансиран од буџетот на Град Скопје (во вредност од околу 18,5 милиони денари), а имплементиран е во соработка и со поддршка од УНДП. На почетокот на уредувањето на зелениот покрив на Домот на градежници денеска присуствуваа и заменик постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во нашата земја, Сања Бојаниќ и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.
#td_uid_1_5fdc9bb53731a .td-doubleSlider-2 .td-item1 {
background: url(https://meta.mk/wp-content/uploads/2020/12/se-pravi-vtoriot-zelen-pokriv-vo-skop_e-1-80×60.jpg) 0 0 no-repeat;
}
#td_uid_1_5fdc9bb53731a .td-doubleSlider-2 .td-item2 {
background: url(https://meta.mk/wp-content/uploads/2020/12/se-pravi-vtoriot-zelen-pokriv-vo-skop_e-9-80×60.jpg) 0 0 no-repeat;
}
#td_uid_1_5fdc9bb53731a .td-doubleSlider-2 .td-item3 {
background: url(https://meta.mk/wp-content/uploads/2020/12/se-pravi-vtoriot-zelen-pokriv-vo-skop_e-7-80×60.jpg) 0 0 no-repeat;
}
#td_uid_1_5fdc9bb53731a .td-doubleSlider-2 .td-item4 {
background: url(https://meta.mk/wp-content/uploads/2020/12/se-pravi-vtoriot-zelen-pokriv-vo-skop_e-8-80×60.jpg) 0 0 no-repeat;
}