Утрински Весник
Спорт

По голот против Интер, Мертенс веќе е бр.1 во историјата на Наполи

По голот против Интер, Мертенс веќе е бр.1 во историјата на Наполи

Неапол, 14 јуни 2020 (МИА) – Дрис Мертенс влезе во историјата на Наполи со неговиот погодок против Интер, кој ги однесе „небесносините“ до финалето на Купот на Италија.

Двете екипи синоќа одиграа 1:1 во полуфиналниот реванш и со вкупен резултат 2:1 фудбалерите на Џенаро Гатузо се квалификуваа за решавачкиот натпревар, каде ќе се сретнат со хегемонот Јувентус на 17 јуни во Рим.

Ова беше 122-ри гол за Белгиецот во дресот на тимот од Неапол на сите турнири, со кој тој стана најдобар стрелец во целата историја на клубот.

На овој начин, Мертенс го надмина Марек Хамшик.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина