Утрински Весник
Економија

По големиот притисок, нафтениот гигант „Шел“ се повлекува од Русија

По големиот притисок, нафтениот гигант „Шел“ се повлекува од Русија

Британската мултинационална нафтена компанија „Шел“ вети дека ќе престане да купува нафта од Русија и се извини за купувањето во текот на викендот по поевтина цена.

Енергетскиот гигант изјави дека ќе ги затвори сите бензински пумпи во Русија, но и дека ќе бидат прекинати сите тековни работни места во таа земја.

Да потсетиме, оваа компанија минатиот викенд беше под голем притисок поради купување на руска нафта по намалена цена за време на инвазијата на Украина.

„Свесни сме дека нашата одлука да купиме руска нафта не беше правилна и жал ни е“, рекоа од „Шел“.

Можете да прочитате

Цената на нафтата порасна 103 долари по барел

Божиновска: Снабдувањето со гориво е стабилно

Макпетрол смета дека одлуката на ОКТА не е доволна