Утрински Весник
Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Почувствуван земјотрес во Скопје

Земјотрес со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала утринава во 9:09 часот бил регистриран во Скопје.

Земјотресот бил со Рихтерова магнитуда од 2,6, а епицентарот е од скопското епицентрално подрачје.

Според податоците од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот бил почувствуван од населението во Скопје и околината.

Можете да прочитате

Собранието го изгласа Законот за средно полициско училиште

Сиљановска-Давкова прими претставници на Иницијативниот одбор за именување на големата концертна сала во Македонската филхармонија со името „Маестро Ванчо Чавдарски“

Мицкоски: Велигден нè потсетува дека токму преку сплотеноста и човечноста можеме да ги надминеме сите предизвици