Утрински Весник
Спорт

Денвер испуштија +25 во ЛА, Мемфис славеа против Голден стејт

Денвер испуштија +25 во ЛА, Мемфис славеа против Голден стејт

Финикс повторно, од Голден стејт ја презедоа челната позиција во НБА лигата. Изминатата ноќ, која ја обележа неверојатниот кам-бек на ЛА Клиперс против Денвер, Финикс го победија Торонто, додека Голден стејт забележаа пораз од тимот кој се наоѓа во најдобра форма во лигата, Мемфис.

Голден стејт во Мемфис го доживеаја десеттиот пораз во 40.натпревар сезонава. Мемфис славеа со 116:108, за нив ова е деветтата победа во низа, додека Вориорс го забележаа третиот пораз на последните четири натпревари.

Џа Морент со 29 поени ги предводеше Мемфис, на спортивната страна Стеф Кари забележа трипл-дабл од 27 поени и по 10 скока и асистенции.

Денвер, во Лос Анџелес, испуштија предност од 25 поени против Клиперси. Во третата четвртина Денвер ја имаа најголемата предност. На крајот, Јокиќ не успеа да погоди тројка и да избори продолженија. Денвер во последната четвртина постигнаа само 19 поени.

Амир Кофи со 18, односно Реџи Џексон и Тајрис Ман со по 13 поени беа најефикасни кај Клиперси. Кај Денвер се истакнаа двајца играчи: Ерон Гордон со 30 поени и 12 скокови и Никола Јокиќ со 21 поен, 13 скока и осум асистенции.

Резултати: Вашингтон-Оклахома 122:118, Торонто-Финикс 95:99, Чикаго-Детроит 133:87, Њу Орлеанс-Минесота 128:125.



> Денвер испуштија +25 во ЛА, Мемфис славеа против Голден стејт <

Можете да прочитате

Едерсон сепак е посеризно повреден и ќе го нема на голот кај Манчестер сити на решавачките мечеви

Алегри експресно е казнет за циркусот кој го приреди во финалето од Купот на Италија

Е.Пелистер многу потешко го совлада Тиквеш и избори очеклувано финале во Купот на Македонија