Утрински Весник
Македонија

Почнува со работа лабораторијата во МАНУ, дневно ќе се прават по сто теста за Ковид-19

Членови на МАНУ: Расправата за историјата на Македонците и на Бугарите треба да се води непристрасно и независно од политиката

Скопје, 21 април 2020 (МИА) – Лабораторијата во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) почнува со работа од денеска со капацитет од 100 тестови за Ковид-19, најави денеска на онлајн прес-конференцијата министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека лабораторијата ќе биде наменета за сите анализи кои со соодветен транспорт во текот на утрото до 14 часот ќе стигнат од сите болници од државата, каде се примаат пациенти на тријажа и ќе почне процесот на изработка прво на изолација на вирусот, а после и идентификација и околу 21, 22 часот ќе бидат познати сите резултати кои ќе стигнат тој ден.

– Имајќи го предвид капацитетот, просекот на пациенти кои се јавуваа во другите болници, сметам дека практично времето на чекање на резултат ќе биде не повеќе од еден ден со активирање на оваа лабораторија, додаде Филипче. рп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме