Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Почнува реконструкцијата на кино салата во Виница

Почнува реконструкцијата на кино салата во Виница
Img 7972

Виница, 13 мај 2020 (МИА) – Општина Виница го почна проектот за реконструкција на старата кино сала, како една од капиталните инвестиции во која вложува 15,5 милиони денари.

Средствата се обезбедени преку Програмата за регионален развој на Министерството за локална самоуправа, односно Бирото зарегионален развој, а носител на проектот е Центарот за развој на Источниот плански регион во партнерство со локалната самоуправа.

– Ќе се реновира целата зграда во која на приземјето се наоѓа кино салата, сцената, помошна просторија за светло и тон, фоаје и тоалетите, а на катот се административни простории и канцеларии. Исто така, ќе се замени кровната конструкција, планирана е нова термофасада, како и инсталирање современа аудиовизуелна дигитална техника. Веќе е изработен технички проект за што од општинскиот буџет издвоивме околу 300 илјади денари, а добиена е и дозвола за градба, истакна на градоначалникот на Виница, Ивица Димитров, на денешната прес – конференција.

Кино салата во Виница, лоцирана во централното градско подрачје, со децении не е во функција поради дотраеноста, а во објектот нема ниту соодветна електрична, водоводна и канализациска инсталација.

Изведувачот на градежните работи „Техника“ ДООЕЛ од Радовиш има рок од шест месеци да ги комлетира градежните работи за реконструкција, по што ќе се постави потребната техничка опрема, а потоа целиот објект ќе му биде преотстапен на Домот на културата „Тошо Арсов“ од Виница. та/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места

Ацевски: Две нови катни гаражи околу пазарот во Ѓорче – решаваме долгогодишен хаос со паркирањето

Филипче од Берово: За 4 години со СДСМ во Берово има над 100 развојни проекти