Утрински Весник
Македонија

Почнува масовниот скрининг за Ковид-19

Почнува масовниот скрининг за Ковид-19
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 13 мај 2020 (МИА) – Од денеска почнува скринигот на вработените во градинките, како и на одредени ризични категории. Министерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека ќе почнат со вработените од градинките кои се близу 2000 со цел изготвување на протоколот за работа на градинките за нивно ставање во функција.

– Во следниот период очекуваме стабилна и мирна состојба во однос на епидемијата. Бидејќи капацитетите за тестирање се растоварени, од среда почнуваме со масовен скриниг, најпрвин со вработените во детските градинки, вели Филипче.

Скринингот се планира да се прави со истите ПСР тестови како и досега, а целта е со ПСР техниката да се идентификуваат асимптоматските носители. Според планот, со скринингот треба да бидат опфатени вработените во градинките, во болниците, домовите за стари лица, пациентите со хронични болести, пациентите на биолошка терапија, вработените во ЈСП и други од десетината ризични групи.мс/са/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ поднесува уште една, нова претставка до ЗНМ за Героски

Мајка на загинато момче во „Пулс“: Не верував дека Андреј е мртов, немаше никави изгореници

СДСМ: Свиркач открива нови детали за тендерот во Пошта: Како се пумпаат 300.000 евра годишно!