Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој продолжуваат со реализирање на Инфо денови за спроведување и користење на Инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој ИПАРД 2014 – 2020.
Во најава е јавен повик за Мерка 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства. За таа цел, оваа недела, ќе се одржат информативни и едукативни денови во неколку места/општини низ државата за полесно спроведување и користење на ИПАРД 2014-2020 со особено внимание на мерката 1.
Инфо караванот утре ќе ги посети општините Зрновци, во Домот на културата од 11 часот и Македонска Каменица, исто така во Домот на културата од 15 часот.
Наредниот ден, задутре, во општинската сала на општина Зелениково во 10 часот граѓаните ќе имаат можност да се информираат за полесно искористување на ИПАРД Програмата, а во општина Чашка средбата ќе се случува во салата во ОУ „Тодор Јанев“ од 14 часот.
На 20-ти месецов инфо караванот ќе биде во општина Старо Нагоричане од 10 часот, а во општина Арачиново инфо средбата ќе се одржи во кафе бар „Релакс“ ов 14 часот.
На 21 февруари инфо ден ќе се одржи во општина Ѓорче од 10 часот.
МЗШВ ги повикува сите заинтересирани граѓани, физички лица-носители на земјоделско стопанство, индивидуални земјоделци, правни лица и задруги, за инвестирање по ИПАРД Програмата, да ги посетат инфо деновите со цел модернизирање на сопствените земјоделски стопанства.
– Во врска одржување на инфо деновите дополнителни информации и детали, заинтересираните лица, може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, и тоа: http://ipard.gov.mk, http://mzsv.gov.mk/, http://www.ipardpa.gov.mk, http://agencija.gov.mk/ или да се јават во Сектор за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370, стои во соопштението. мс/са/