Утрински Весник
Македонија

Почнува градежен зафат на надвозник во кумановската населба Перо Чичо

Почнува градежен зафат на надвозник во кумановската населба Перо Чичо

Куманово, 16 март 2020 (МИА) – Почнуваат градежните активности за изградба на втор столб од новиот патен надвозник на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово како дел од проектот за реконструкција и рехабилитација на железнички премини на железниката пруга Куманово-Белљаковце.

Како што соопштија денеска од фримата „Х.Ф.Вибе“, се работи за дел од проектот за „Рехабилитација на железничкиот коридор 8“, односно за дел од пообемен градежен зафат за изградба на вториот столб од новиот патен надвозник на улицата „ Ѓорче Петров“ со кој ќе се обезбеди безбедно поврзување на населбата „Перо Чичо“ со центарот на градот.

Во текот на извршувањето на активностите, сообраќајот на улицата и натаму ќе се одвива под посебен времен режим, согласно решението за утврдување на условите и режимот на сообраќај издадено од општина Куманово, односно ќе почне имплементација на втората фаза на времениот режим.

Активностите за изградба на новиот надвозник ќе се одвиваат на едниот коловоз на „ Ѓорче Петров“, а локалното население ќе има слободен пристап до своите домови преку пешачките патеки, како и со користење на веќе постоечката сообраќајна инфраструктура. Преминот преку железничката линија ќе биде во целост блокиран, со цел да се имплементираат безбедносни мерки за заштита на градилиштето и локалното население согласно Законот за градба. Оформувањето на градилиштето и неговото оградување е договорено во соработка со  сите засегнати страни.

-Апелираме до локалното население да ја користи градската инфраструктурна мрежа и да придонесе за одржување на чистотата на локацијата. Во последно време „ЈП Чистота и З“, општина Куманово и сите други заинтересирани страни вложија големи напори за чистење на илегалната депонија, велат од компанијата.

Рокот на изведба на работите зависи од успешната реализацијата на фазите на активностите од вклучените компании. ам/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пронајдена марихуана во стан на Партизанска, поведена истрага

МНР ги повика македонските државјани да го напуштат Либан и да ги одложат патувањата кон Израел 

НОВАТА СЕДМИЦА НИ НОСИ МНОГУ СУШНО И ТОПЛО ВРЕМЕ: Постои зголемен ризик од појава на нови шумски пожари, како и нивно ширење