Утрински Весник
Македонија

Почнуваат координации со соседните земји околу регионален пристап за справување со коронавирусот

Почнуваат координации со соседните земји околу регионален пристап за справување со коронавирусот

Скопје, 13 мај 2020 (МИА) –  Министерството за здравство информира дека започнуваат координации со соседните земји за справување со коронавирусота, а овие подготовки имаат за цел да се донесе координирано олеснување на мерките за спречување на внесување и ширење на КОВИД-19 и да се овозможи безбедно патување во странство на граѓаните кога условите ќе го дозволат тоа, соопшти денеска Владата.

Владата на вчерашната седница донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19 и Одлука за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, со која се дозволува службено патување на избрани и именувани лица во странски држави.

Во одлуката се наведува дека заради координации и други работни активности, поврзани со мерките за КОВИД-19, за овие лица нема да се спроведува државен карантин по нивното враќање во државата. Лицата се обврзани да ги почитуваат препораките и протоколите на Комисијата за заразни болести за одржување на потребно растојание, носење на лична заштитна опрема. ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско