Утрински Весник
Македонија

Почна 131. пленарна седница со околу 40 закони, ВМРО-ДПМНЕ не присуствува

Почна 131. пленарна седница со околу 40 закони, ВМРО-ДПМНЕ не присуствува

Скопје, 16 февруари 2020 (МИА) – Собранието ја почна 131. седница на чиј дневен ред се околу 40 закони и барања за автентично толкување. На седницата не се присутни пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа седница почна откако беше прекината 137. седница на која требаше да се расправа за самораспуштање на Собранието.

Причина за прекинувањето на 137 седница, како што објасни спикерот Талат Џафери, е барањето на координаторите на пратеничките групи на СДСМ и ДУИ да се одржи 131. седница и да се донесат законите за аудио и аудио-визуелни услуги, за лични податоци и за изменување на Законот за Инспекторатот за употреба на јазиците.

-Тоа е барање и на ВМРО-ДПМНЕ по однос на законот за аудио и аудио визуелни услуги, рече Џафери.

Собранието претходно ги донесе и законите за јавно обвинителство, како и измените на законите за Совет на јавни обвинители и за одбрана. На гласањето за измените на законите за Совет на јавни обвинители и за одбрана пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не учествуваа. бак/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Грозданов: Благодариме за секој живот што успеавте да го вратите од работ на бездната, Кочани ви благодари

Возач тешко повреден откако со „Фиат“ излетал кај ГП Дојран

Граѓани поднесоа кривична пријава против Зоран Витанов за „Мајворлд“