Утрински Весник
Македонија

Почна тестирањето на вработените во штипските градинки

Почна тестирањето на вработените во штипските градинки

Штип, 11 јуни 2020 (МИА) – Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје-Штип од утринава земаат брисеви на 91 вработен во клоновите на градинката „Вера Циривири-Трена“.

Директорката на градинката „Вера Циривири-Трена“, Софка Атанасова очекува во наредните два до три дена да добијат, како што вели, негативни резултати од тестирањето.

– Првичните анкети покажаа дека околу 3.200 деца ќе се вратат во градинка. Оваа анкета беше направена во мај, а сега по настанатата ситуација не знам дали овој број ќе остане, вели Атанасова.

Таа истакна дека имаат најава оти по завршување на скринингот во сите градинки во земјава очекуваат и насоки како ќе се работи во нив. Родителите за март треба да платат 745 денари, додека за април и мај треба да одлучи Советот на Општина Штип.

-Управниот одбор при градинката „Вера Циривири-Трена“ поднесе барање, тие да одлучат како ќе се одвива партиципацијата. Значи ќе ги чекаме резулатите од Советот на Општина Штип и која одлука да ја донесат, ние ќе ја почитуваме, вели Атанасова.

Според неа, препораките за работа со децата не се толку поразлични од она што претходно и го работеле.

-Сегашните препораки се да не се користи трепезаријата, како заеднички простор за хранење, туку секоја група во своите занимални. Вработените  задолжително мора да носат маски и сите останати препораки, кои ние треба да ги почитуваме, како граѓани. Значи мора да се носат маски, да се одржува хигиена, да се мијат раце, како на себе, така и на децата и целата дистанца да биде запазена, вели Атанасова.

Појасни дека ќе нема мешање на групите, а ќе се настојува да бидат и во помали групи. Занималните се големи простории, кои дозволуваат да се реализираат активностите. Тестирањето на вработените во градинките во Штип продолжува и утре, кога ќе се тестираат над 130 вработени во клоновите на градинката „Астибо“-Штип. вдј/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нова динамика во реформите со ЕУ како стратешки партнер

Работник тешко повреден при пад од зграда во Куманово

Серафимовски ги посети земјоделците погодени од невремето во струмичкиот регион