Утрински Весник
Магазин

Почна снимањето на документарецот за Еми Вајнхаус

Речиси четири години по првата објава, биографскиот филм за пејачката Ејми Вајнхаус, конечно, тргнува напред на чело со режисерката Сем Тејлор-Џонсон („Педесет нијанси сиво“).

dobivaj vesti na viber

Тејлор-Џонсон (55) потпиша договор за режија на биографскиот филм Back to Black („Враќање во црно“), ист наслов како и албумот на Вајнхаус од 2006 година.

Проектот бргу напредува, а Тејлор-Џонсон работи по сценариото на Мет Гринхалг.

Се очекува филмот да го следи нејзиниот живот како талентирана џез-пејачка во северен Лондон до нејзиното издигнување како глобална суперѕвезда со вториот албум Back to Black (2006), кој го вклучува нејзиниот голем хит-сингл Rehab.

Таа стана една од петте жени во тоа време што освоија пет „Греми“ во една вечер, вклучувајќи најдобар нов изведувач, плоча на годината и песна на годината.

Можете да прочитате

Родната куќа на Хитлер во Австрија се претвора во полициска станица

Кога навистина снимаат камерите доколку ја надминеме дозволената брзина

„Погледнав во смртта и се вратив“ – потресна исповед на патникот кој висел надвор од авион на „Рајанер“ над Македонија