Утрински Весник
Македонија

Почна скринингот на вработените во градинките во Прилеп, во градот нема новозаболени од КОВИД-19

Почна скринингот на вработените во градинките во Прилеп, во градот нема новозаболени од КОВИД-19

Прилеп, 28 мај 2020 (МИА) – Во Прилеп денеска нема регистрирано новозаболени од коронавирусот, но регистрирано е дека четворица оздравеле од оваа заразна болест.

Од прилепскиот Центар за јавно здравје информираат дека од почетокот на пандемијата до денеска, се регистрирани вкупно 211 лица позитивни на Ковид-19. Во моментов има 44 активни случаи, од кои 27 се наоѓаат на домашно, а 17 лица на болничко лекување.

Центарот за јавно здравје денеска го започна скринингот на вработените во градинките на територија на општините Прилеп, Крушево, Македонски Брод и Кривогаштани. Тестирањето ќе трае и утре и ќе бидат тестирани околу 230 вработени во градинките. ем/оџ

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поради извршна постапка попречена продажбата на аудито на Општина Струга 

Трајановски и Чен Чен го потпишаа Анексот број 8 од Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид

Мајка пријавена дека физички нападнала соученичка на нејзината 13-годишна ќерка