Утрински Весник
Македонија

Почна реконструкцијата на шеталиштето пред Градски парк кај „Жабарот“

Почна реконструкцијата на шеталиштето пред Градски парк кај „Жабарот“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Екипите на Град Скопје почнаа да го реконструираат познатото шеталиште пред Градски парк, од потегот кај скопската гостилница „Кај Жабарот“ па сѐ до почетокот на влезот во паркот, кај Министерството за земјоделие, веднаш спроти паркот на Франкофонијата.

„Во должина од 140 метри и со ширина од 10 метри, шеталиштето помеѓу тројниот дрворед на скопските липи ќе добие целосно нова и реконструирана патека од лиен бетон, а ќе бидат поставени и нови клупи и канти за џебен отпад. Овој потег иако е еден од најфреквентните делови од кејот на Вардар, веќе подолго време беше руиниран и преставуваше критично место при шетање или движење со велосипед“, велат од Град Скопје.

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен