Утрински Весник
Македонија

Две лица повредени во сообраќајка на патот Битола – Ресен

Две лица повредени во сообраќајка на патот Битола – Ресен

Две лица се повредени во сообраќајка на патот Битола – Ресен. Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во близина на село Братиндол, битолско.

Во несреќата учествувале автомобил „голф“, управуван од П.М.(31) од с.Ротино, битолско и камион „дфм“, управуван од П.М.(71) од с.Облаково, битолско, двете со битолски регистарски ознаки.

По незгодата двајцата возачи се пренесени во Клиничка болница Битола, каде кај П.М.(71) биле констатирани тешки телесни повреди, а кај П.М.(31) телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Битола.

Можете да прочитате

„Флајдубаи“ од 1 април 2027 година повторно ќе лета на релација Дубаи – Скопје

Зајкова: Ако законот не се почитува, правдата ќе ја тераме преку суд

Пронајдена марихуана при претрес во Прилеп, лишено од слобода едно лице