Утрински Весник
Македонија

Почна обележувањето на пешачките шумски патеки во Македонска Каменица

Почна обележувањето на пешачките шумски патеки во Македонска Каменица
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Македонска Каменица, 12 јуни 2020 (МИА) – Почна обележувањето на пешачките шумски патеки во Македонска Каменица. Активноста ја спроведува екипа на Јавното претпријатие „Камена Река“, чиј директор Влатко Андоновски информираше дека во моментот се работи на поставување патокази и урбана опрема.
-Во близина на пешачките патеки ќе бидат поставени клупи и канти за отпад, со што ќе придонесеме да ја зачуваме животната средина околу самите патеки. Истовремено ќе се изврши чистење на високата и бујна вегетација околу патеките со што ќе се овозможи непречено движење на граѓаните при прошетките во природа, информираше Андоновски.
Во рамки на активностите, како што додаде, ќе бидат мапирани пешачки патеки кои водат до неколку локации.
-Предвидено е мапирање на пешачките патеки до локациите Калата, Репетитор и Стрелиште со што ќе се обелжат над 10 километри патеки за пешачење. Со ова се надоврзуваме на паставувањето на урбана опрема околу Калиманското Езеро, со што на граѓаните од Општина Македонска Каменица и регионот ќе им овозможиме дополнителен простор за одмор и рекреација, додаде Андоновски.
Имајки предвид дека новопоставената опрема на неколку локации претходно беше уништена, од претпријатието апелираа на совесно однесување на граѓаните во делот на чувањето. Посочија дека секое недолично однесување и уништување на опремата и патоказите треба да биде пријавено до надлежните органи. вс/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе