Утрински Весник
Економија

Почна наводнителната и сеидбената сезона на оризот во Кочанско, површините намалени за една третина

Почна наводнителната и сеидбената сезона на оризот во Кочанско, површините намалени за една третина

Кочани, 15 април 2020 (МИА) – Водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани денеска ја пушти водата во каналите на хидросистемот со што официјално ја почна овогодишната наводнителна и сеидбена сезона на оризот во кочанскиот регион.

Според утврдениот план за наводнување од хидросистемот „Брегалница“, површините што ќе бидат засеани со ориз се намалени за околу една третина во споредба со минатата година, а тоа е резултат на неповолната хидролошка состојба во изминатите шест месеци.

– Во моментот располагаме со 64 милиони кубни метри вода во акумулацијата Калиманци, што е скоро за половина помалку во однос на истиот период лани, поради што неизбежна беше промена на сеидбената структура за наводнување. Вкупно под ориз ќе се наводнуваат околу три илјади хектари, во кои се вклучени и површините во атарот на селата Карбинци, Жиганци и Уларци што се под надлежност на водостопанската подружница од Свети Николе. За полнење на нивите за почеток ги користиме проточните води од реките, за да зачуваме што поголеми количини што се акумулирани во браната Калиманци, а водата во десниот магистрален канал ќе биде пуштена во почетокот на мај, истакна Дени Митров, директор на водостопанската подружница „Брегалница“.

Земјоделците се информирани за измените во планот за наводнување, за што се истакнати писмени известувања во сите населени места во регионот, а дел од површините со ориз и други земјоделски култури ќе се наводнуваат и преку левиот магистрален канал.та/скс/

 

Митров упати благодарност до земјоделците за соработката и помошта при изготвувањето на годишниот план за наводнување, при што нагласи дека околу 85 отсто од нив ги платиле обврските за воден надоместок за минатата сезона.

 

Вработените во водостопанската подружница „Брегалница“ пред почетокот на сеозната исчистиле околу 170 километри канали и земјени вади за наводнување, а до почетокот на мај ќе завршат и градежните работи за бетонирање и санација на оштетувањата на десниот магистрален канал.

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија