Утрински Весник
Македонија

Почна меѓународниот научен симпозиум „Дерматологија 2020“

Почна меѓународниот научен симпозиум „Дерматологија 2020“

Штип, 28 февруари 2020 (МИА) – Со излагања на двајца еминенти професори, од Грција и Бугарија, денеска во Штип почна меѓународниот научен симпозиум „Дерматологија 2020“ во организација на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“.

-Од областа на дерматовенерологијата ќе разговараме за многу теми, а почнуваме со излагањето на Николај Цанков, почесен професор на нашиот универзитет во Штип и дописен член на Бугарската академија на науките, едно од најмаркатните имиња во бугарската дерматовенерологија. Професорот Андреас Кацамбас, пак, од Грција е докажан пријател на факултетот и човек со огромно искуство, изјави универзитетскиот професор, Андреј Петров пред почетокот на симпозиумот.

Според професорите од Бугарија и Грција, на симпозиумот ќе бидат отворени најактуелните теми и проблеми во дерматологијата.

– Ќе зборуваме за најактуелните проблеми, а за некои од нив, сигурен сум, ќе се понудат и решенија, истакна професорот Цанков од Бугарија.

Професорот Кацамбас од Грција е втор пат во Штип. -Со задоволство следам како се развиваат Универзитетот и дерматологијата во оваа земја. Секоја година програмата е подобра и навистина е задоволство да се соработува со дерматолозите овде, истакна Кацамбас.

На научниот симпозиум што ќе продолжи утре во Скопје, учествуваат научници од сите делови на Балканот. вдј/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поповолни услови за кредит за оние кои првпат купуваат стан за живеење, Народната банка наскоро ќе ги објави мерките

Петмина од повредените во кочанската дискотека се уште се на болничко лекување, двајца во Турција, тројца во државата

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ свесно ги турка граѓаните во сиромаштија