Утрински Весник
Македонија

Почна изградбата на нов мост на Тополка кај село Дреново во општина Чашка

Почна изградбата на нов мост на Тополка кај село Дреново во општина Чашка
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Велес, 14 март 2020 (МИА) – Општина Чашка неделава почна со изградба на новиот мост на реката Тополка кај село Дреново. Мостот ќе биде долг 10 метри и широк шест метри, а ќе се гради врз  сегашниот стар 30 години ризичен и 2,5 метри тесен мост без ограда, кој во дел ќе биде срушен па наново изграден.

Како што информира за МИА градоначалникот на Општината Горан Стојановски, мостот е дел од регионалниот пат 2344 од Чашка кон село Дреново, а неговата изградба ќе чини осум милиони денари  плус ДДВ, средства добиени од ЈПДП.

Изведувач на работите е скопската фирма „Синтекс“, а рокот за градба е шест месеци.

– Со изградбата на новиот мост ќе се зголеми безбедноста на возилата и на жителите кои пеш поминуваат по него, што е првенствена грижа за нас како општина, потенцира градоначалникот Стојановски. ад/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен