Вашингтон, 11 мај (/) – На возраст од 92 години денеска почина актерот Џери Стилер, познат по улогата на импулсивен татко во култната американска ТВ серија „Сајнфeлд“ од 1990-те години.
Смртта настапила од природни причини,соопшти неговиот син, американскиот актер Бен Стилер, пренесе радиото Ен-пи-ар.
Џери Стилер е роден во 1927 година и бил регрутиран на служба за време на Втората светска војна. По војната, заедно со својата сопруга Ејн Мира оформува комедијантско дуо и така настапувале повеќе години, откако двајцата подоцна започнале одделни кариери.
Покрај во „Сајнфелд“, Стилер настапуваше и во серијата „Кралевите на Квинс“.
-Тој едноставно не може а да не биде смешен, посветено е таков каков што е, има изјавено Бен за својот татко.
Како татко и син, двајцата имаат настапувано во „Зулендер“, филм режиран од Бен Стилер. кб/