Мумбај, 29 април 2020 (/) – Ѕвездата од оскаровскиот филм „Милионер од гетото“ (Slumdog Millionaire), како и од „Животот на Пи“ и „Светот Јура“, индискиот глумец Ирфан Кан почина на 53 години.
Глумецот починал во болница во Мумбај, Индија.
Нему 2018 година му беше откриен ендокрин тумор – ретка болест поврзана со хормоните и крвта.
Како што јави Би-би-си, последните информации говорат дека тој бил примен в болница со инфекција на дебелото црево, како последица од ракот. си/