Утрински Весник
Македонија

Почина Ѓорѓе Марјановиќ

Почина Ѓорѓе Марјановиќ

На 83-годишна возраст пoчина Ѓорѓе Марјановиќ.

Марјановиќ беше професор по кривично право, почесен претседател на Лигата за демократија и дисидент од времето на комунизмот. Познат е по своите колумни во весникот „Дневник“, а по локалните избори во 2005 година е советник во Советот на град Скопје.

Марјановиќ дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1962. Магистрирал на постдипломските студии по казнено-правни науки на Правниот
факултет во Загреб во 1968 со тезата: „Правните последици на осудата”.

Докторирал на Правниот факултет во Скопје во 1973 со тезата „Правната положба на осуденикот по издржаната казна”.

Сиот работен век, освен приправничкиот стаж (1962-1964) во Основниот суд-Скопје II, го поминал на Правниот факултет во Скопје: асистент (1965-1974); доцент (1974-1979); вонреден професор (1979-1985) и редовен професор (1985-2001).

Можете да прочитате

Уапсен Македонец во Германија за грабеж, жртвата починала од тешки повреди

Сашко Кедев прогласен за „Европска личност на годината“ за 2025

Уапсени седум возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без дозвола и двајца со активна забрана