Унгарскиот режисер и уметник Марсел Јанкович, авторот на бројни цртани филмови, како што е легендарниот Густав, почина на 80-годишна возраст, пренесуваат странските медиуми.
Роден е на 21 октомври 1941 година во Будимпешта и беше графички дизајнер, аниматор и филмски режисер.
Devastated to hear that one of the greats of Hungarian animation, Marcell Jankovics, passed away. His genius vision gave us our childhood with Hungarian Folk Tales, but also masterpieces such as János Vitéz, Son of White Mare, and Tragedy of Man. Nyugodjék békében! ? pic.twitter.com/VVKTXpJcB4
— Mike Kobela (@MikeKobela) May 29, 2021
Својата успешна кариера ја започна уште во 1960 година.
Во 1974 година доби номинација за „Оскар“ за краткиот филм „Сизиф“. Тој освои „Златна палма“ за краткиот филм „Борба“ во 1977 година на Канскиот филмски фестивал.
Освои и други вредни признанија, а на нашата публика и стана познат по цртаниот филм „Густав“, со кој растеа генерации.
Текстот Почина унгарскиот аниматор Марсел Јанкович, творец на легендарниот Густав е превземен од МАКФАКС.