Утрински Весник
Спорт

Почина таткото на Аиртон Сена

Почина таткото на Аиртон Сена

Милтон да Силва, таткото на трикратниот Ф1 шампион, легендарниот Аиртон Сена почина на 94 години од природни причини, објави официјалниот „Аиртон Сена Институт“ преку социјалните мрежи.

Да Силва беше често виден лик во ерата на неговиот син во Формула 1 со неговата јавна поддршка. Да Силва беше оженет со Нејде Џоана Сена, додека целосното име на Сена беше Аиртон Сена да Силва и тој на почетокот на кариерата се тркаше со презиме Да Силва, пред да го земе презимето на својата мајка.

Милтон и Нејде имаа уште две деца, Вивијане и Леонардо. Вивијане Леонардо е лидер на институтот Сена, и е мајка на поранешниот Ф1 возач, Бруно Сена.

> Почина таткото на Аиртон Сена <

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет