Утрински Весник
Магазин

Почина Рајко Дујмиќ, поранешен фронтмен на „Нови фосили“

Почина Рајко Дујмиќ, поранешен фронтмен на „Нови фосили“

Рајко Дујмиќ, поранешен лидер на групата „Нови фосили“, почина на 65-годишна возраст, пишува Индекс.хр. Тој  минатата недела ја загубил контролата врз своето возило кај Равна Гора и слетал во бездна по што бил сместен во одделот за интензивна нега на Клиничкиот центар во Риека (КБЦ).

Полициската приморско-горанска управа, не наведувајќи го неговиот идентитет, пријавила дека 65-годишниот возач на автомобил „фолксваген тигуан“ со загрепски регистарски таблички слетал од патот во Равна Гора.

Утврдено е дека околу 17.15 часот тој изгубил контрола врз возилото во непрегледен свиок и паднал во бездна длабока околу 11 метри. Поради повредите бил пренесен во Клиничката болница во Риека, соопшти полицијата. Тој бил сам во возилото.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои никогаш не се откажуваат од љубовта

Експеримент со ембриони од глувци во вселената отвора нови прашања за развој на живот надвор од Земјата

Тејлор Свифт е најбогатата музичарка во историјата