Утрински Весник
Свет

Почина последниот лидер на Комунистичката партија на Чешка

Почина последниот лидер на Комунистичката партија на Чешка

Последниот лидер на Комунистичката партија на Чешка за време на Кадифената револуција во 1989 година, Милош Јакеш, почина на 97-годишна возраст.

Комунистичката партија потврди дека тој починал, но тие не дадоа повеќе детали. Точната причина и времето на смртта не се познати.

Јакеш беше назначен за генерален секретар на Комунистичката партија во 1987 година.

Како припадник на конзервативниот дел на партијата, тој беше против либералните реформи од 1968 година познати како „Прашка пролет“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кинезите објавија бесплатен модел на вештачка интелигенција кој хакира заштитени мрежи без никакви проблеми

Партијата на Нетанјаху: Арапските партии ги украдоа изборите

Два брзи воза се судрија во Шпанија, над 50 загинати