Утрински Весник
Македонија

Почина познатиот тон снимател од МРТВ Варнава Андреевски – Бакли

Почина познатиот тон снимател од МРТВ Варнава Андреевски – Бакли
Dik 300x250 mk

Скопје, 4 март 2020 (МИА) – На 80 годишна возраст во Скопје по кратко боледување почина познатиот тон снимател од МРТ Варнава Андреески – Бакли. Андреески 43 години работен век ги помина токму во јавниот сервис непосредно до камерите на терен и во телевизиските студија.

Тој беше единствен жив сведок од техничкиот оддел на МРТ кој ја формираше некогашната ТВ Скопје по земјотресот. Десет години како тонец патувал по светот заедно со Тито во тогашната СФРЈ. Работел на преносите на шест Олимписки игри, учествувал во речиси сите музички емисии на МРТ, а работел и на филмската комедија „Мирно Лето“. Погребот на Бакли ќе биде на 5 март. са/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ води со 21 мандат, ВЛЕН 4, СДСМ 3 – 19.258 ливчиња неважечки

Кичево слави: ВМРО-ДПМНЕ ја освојува општината по повеќе од 15 години

Костадинов: СДСМ мора да помине низ сериозен филтер и реформи