Утрински Весник
Македонија

Почина писателот Данило Коцевски

Почина писателот Данило Коцевски

Членовите на Друштвото на писатели на Македонија денес се длабоко потресени од загубата на драгиот колега Данило Коцевски, критичар и хроничар, сестран книжевен творец и драг пријател, кој беше секогаш расположен за инспиративен книжевен реазговор и беше пример за книжевен деец за кој не важат генерациските поделби.

До пред само неколку месеци тој беше активно вклучен во редовните книжевни настани на ДПМ, со свои прилози, текстуални или дебатни настапи, со жирирања и уредувачки активности.

Неговото творештво, особено неговата литературна критика и есеистика, како и неговата хроничарска есеистика за Скопје, остануваат трајни и значајни сегменти на македонската литература.

Вечна му слава!

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Скопскиот аеродром меѓу најбрзорастечките во Европа, минатиот месец бележи раст на патничкиот сообраќај од 34,8 отсто

МОН објави резултати од Конкурсот за сместување бруцоши во студентски домови во академската 2026-2027

ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани своите истомисленици Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил во Бугарија