Утрински Весник
Македонија

Почина пациентка од Лабуништа, регистрирани нови 25 случаи

Петмина нови заразени со Ковид-19

Скопје, 1 април 2020 (МИА) – Министерството за здравство соопшти дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациентка од Лабуништа на возраст од 65 години заболена од коронавирус. Пациентката имала претходни заболувања – коморбидитети: хронично опструктивна белодробна болест, дијабетес, срцева слабост и обезност.

Во врска со пациентката која во неделата наутро почина во болница во Струга, а на која постморум и е земен брис, истиот е позитивен на Ковид-19, посочуваат до Министерството.

Во изминатите 24 часа регистрирани се 25 нови случаи на коронавирус во земјата и тоа во Скопје – 7, Куманово – 7, Прилеп – 2, Тетово – 5, Струга – 2, Гевгелија – 1, Кочани – 1, со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 изнесува 354 лице.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје – 183, Куманово – 54
Дебар – 47, Штип – 15, Прилеп – 12, Тетово -13, Струга – 9, Велес – 6, Битола – 4, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 1, Гевгелија – 2, Струмица- 1, Крива Паланка – 1, Кочани – 1.

Во изминатото деноноќие направени се 257 теста, од кои: преку Институтот за јавно здравје – 131, преку Ветеринарен факултет – 25, Биотек – 24, Клиниката „Жан Митрев“ – 2. Досега се направени вкупно 3.775 тестирања на Ковид-19, стои во соопштението. рп/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”