Утрински Весник
Свет

Почина палестинското момче кое беше застрелано и приведено од израелските сили

Почина палестинското момче кое беше застрелано и приведено од израелските сили

Палестинецот Мохамед Хазиз (16),  кој вчера беше ранет и приведен од страна на израелските сили на Западниот Брег, починал денеска пренесува „Анадолија“ (АА).

Според информациите добиени од локални извори, израелската војска го информирала семејството на Хазиз дека починало нивното дете кое вчера беше рането со куршум во близина на селото Деир Ебу Мешал, кое се наоѓа во близина на Рамалах.

Откако бил ранет, Хазиз бил приведен од страна на израелските сили, а неговото мртво тело сѐ уште не му е предадено на семејството.

Синоќа во близина на селото Деир Ебу Мешал избувнаа немири меѓу израелските сили и палестинските момчиња, при што беа ранети тројца Палестинци.

Израелската армија потврди дека пукала во група Палестинци во близината на Рамалах, наведувајќи дека тие поседувале запаливи материјали и гуми што имале намера да ги потпалат.

Според информациите на палестинскиот Црвен Крст, Хазиз бил ранет со вистински куршуми, а потоа бил приведен од страна на израелските сили, додека останатите двајца ранети Палестинци биле пренесени во болница.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

(Видео) Еве како денес изгледа Париз поле по вчерашните протести

Макрон по насилните протести: Тие кои напаѓаа и ограбуваа ќе бидат кривично гонети и казнети

Украински дронови погодија нафтен терминал во Санкт Петербург