Поранешниот голман на Ливерпул и англиската репрезентација, Реј Клеменс почина на 72 години. Клеменс беше еден од најдобрите англиски голмани во историјата, освојувајќи три европски титули со Ливерпул, откако Бил Шенкли го купи за тогаш огромни 18.000 фунти од Сканторп јунајтед.
Клеменс исто така имаше 61 настап за англиската репрезентација, бројка која сигурно ќе беше поголема за да не беше долго време замена на Питер Шилтон. На Клеменс му беше дијагностициран рак на простатата во 2005, а исто така имаше и тумор на мозокот.
Клеменс помина 13 сезони на „Енфилд“ и имаше 665 настапи, освојувајќи три европски круни, пет лигашки титули, два УЕФА купа и по еден ФА куп и Лига куп. Неговата најславна сезона беше 1978/79, кога во 42 натпревари, Ливерпул прими само 16 гола, што останува рекорд за клубот.
Во 1981 година тој се пресели во Тотенхем за 300.000 фунти и со нив го освои УЕФА купот и ФА купот во седум сезони на „Вајт харт лејн“. Во 1996 година тој стана тренер на голманите во англиската репрезентација работејќи со Глен Ходл, Кевин Киган, Свен-Горан Ериксон и Стив Мекларен.
We are extremely saddened to learn that former #ThreeLions goalkeeper and coach Ray Clemence has passed away at the age of 72.
All of our thoughts are with Ray’s family, friends and former clubs at this time. pic.twitter.com/VfMLuhH8zw
— England (@England) November 15, 2020
> Почина легендарниот голман на Ливерпул, Реј Клеменс <