Утрински Весник
Свет

Почина гитаристот на „Рибља чорба“ од Ковид-19

Почина гитаристот на „Рибља чорба“ од Ковид-19

Гитаристот на рок групата „Рибља чорба“, Мирослав Миша Алексиќ почина на 67-годишна возраст.Познатиот музичар ја изгуби битката со коронавирусот. Тој се лекуваше од коорнавирусот во КБЦ „Бежаниска коса“, а неговата состојба се влошила и бил ставен на респиратор.

Неговата ќерка Мина Алексиќ пред неколку дена објави тажна порака на Фејсбук за состојбата на нејзиниот татко. Веруваше дека ќе се опорави.

„Мојот Миша е заболен од ковид и е на респиратор веќе трет ден. Секој час е негова борба за животот, како и моја за него. Миша би сакал сите наши блиски луѓе да знаат каков борец е тој. Би сакал сите луѓе кои го сакаат и почитуваат да бидат со нас, да бидат со него и да веруваат дека ќе го победиме коронавирусот“, напиша таа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Борел: Не можеме да го поткопуваме Меѓународниот кривичен суд

Русија врати седум украински деца со посредство на Катар

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“