На 94-годишна возраст почина Гертруда Пресбургер, која го преживеа Холокаустот, а стана позната под прекарот г-ѓа Гертуда за време на претседателската кампања во Австрија во 2016 година, поради видео пораката во која предупредува на омраза и екскомуникација и општество на кое се повикува екстремната десница.
Во извештајот на австриската агенција АПА се наведува дека нејзиното семејство потврдило дека таа починала вчера, по долго боледување.
Г-ѓа Пресбургер е родена и израсната во Виена како ќерка на столар, а нејзиното еврејско семејство премина во католицизам во раните 1930-ти години. Сепак, тоа не помогна да се спречи нацистичка потера против нив по анексијата на Австрија и припојувањето на таа земја кон Германија во 1938 година.
Откако нејзиниот татко бил уапсен и измачуван од нацистичката тајна полиција на Гестапо поради наводни политички активности, семејството успеало да побегне во Југославија, а потоа во Италија, но подоцна во 1944 година била заробена и депортирана во нацистичкиот логор на смртта Аушвиц во Полска, каде што нацистите ги убиле нејзината мајка, двајцата помали браќа и нејзиниот татко.
Пресбургер се вратила во Виена по војната, но првично не зборувала за нејзините ужасни страдања за време на холокаустот.
На крајот, таа одлучи да се отвори за јавноста и да зборува за холокаустот и антисемитските искуства што ги имала во повоена Австрија.
„ Не се вратив во Виена за повторно да ме угнетуваат. Се колнам во себе дека нема да трпам ништо повеќе. Ќе се борам со моите зборови“, изјави Гертруда Пресбургер.