Утрински Весник
Култура

Почина Берта од „Два и пол мажи“

Почина Берта од „Два и пол мажи“

Кончата Ферел, американска актерка позната по улогата на Берта во серијата „Два и пол мажи“ почина на 77-годишна возраст.

Според американските медиуми, таа починала во вторникот од компликации предизвикани од срцев удар.

Уште во јули имаше извештаи дека Ферел доживеала тежок срцев удар по што завршила на апарати за дишење и дека лекарите се борат за нејзиниот живот.

Од Берта со емотивна порака се опрости и нејзиниот колега Чарли Шин: „Посебна душа, врвен професионалец, вистински пријател. Берта, твојата грижа кон домот беше малку сомнителна, ама твојата способност да се грижиш за луѓето беше совршена“, напиша Шин на „Твитер“.

Ферел беше номинирана и за две Еми награди за улогата на Берта, домаќинка во куќата во која живее Чарли заедно со неговиот брат Ален.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“