Утрински Весник
Свет

Почина американскиот сенатор и претседателски кандидат на САД, Боб Дол

Почина американскиот сенатор и претседателски кандидат на САД, Боб Дол

Поранешниот републикански сенатор и кандидат за претседател на САД Боб Дол почина утрово, соопшти неговото семејство.

“Сенаторот Роберт Џозеф Дол почина рано утрово во сон, на 98-годишна возраст”, изјави извор поврзан со семејството.

Сенаторот во февруари објави дека боледува од рак на белите дробови.

Дол беше тешко ранет за време на Втората светска војна, а во 1991 година беше опериран од рак на простата. Тој имаше и операција на аневризма во 2001 година.

Боб Дол беше поразен на претседателските избори во 1996 година од демократскиот кандидат Бил Клинтон, што беше негов трет обид да влезе во Белата куќа.

Можете да прочитате

Германија денеска забележа апсолутен температурен рекорд

Во земјотресите во Венецуела досега пронајдени најмалку 920 загинати лица, 3.300 се повредени

„Мерцедес“ ги крати трошоците поради неконкурентност, „Фолксваген“ пред затворање фабрики и укинување 100.000 работни места