Утрински Весник
Македонија

Починат мигрант пронајден кај преминот Богородица

На меѓупросторот на коловозната лента на граничниот премин Богородица, синоќа, околу 2 часот по полноќ, билo забележанo лице – мигрант, без знаци на живот.

Како што информираат од МВР, лекар од итната медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од полициската станица Гевгелија.

По наредба на обвинителот телото на починатиот било предадено на обдукција.

Можете да прочитате

МЕТАОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Силно невреме ја зафаќа Македонија

Холанѓанец приведен во Центар: Пријавен дека шетал со пиштол и правел инциденти

За десет години бројот на новороденчиња паднал за речиси 30 проценти