Утрински Весник
Македонија

Починат маж пронајден во стан во Тетово

Со пила нападнати шумочувари од Крушево

Вчера попладне во стан во Тетово бил пронајден мртов 47-годишен маж.

Според информациите од МВР, во СВР Тетово било пријавено дека во сопствениот стан на улицата „Илинденска сага“ бил пронајден починат И.И.

Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од итна медицинска помош, а увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Можете да прочитате

Татко и син загинаа во сообраќајка близу скопскиот Аеродром

Кривична пријава против 27 лица за лажните возачки дозволи

Мајка на две близначки со аутизам седи со нив на часови во училиште во Карпош затоа што МОН не обезбедило образовни асистенти