Утрински Весник
Македонија

Почеток на сите рокови за изборите одново, не е став на ДИК, Уредбата со законска сила го регулира ова прашање, вели Кондарко за МИА

Почеток на сите рокови за изборите одново, не е став на ДИК, Уредбата со законска сила го регулира ова прашање, вели Кондарко за МИА

Скопје, 7 мај 2020 (МИА) – Почеток на сите рокови за изборите одново со нови 50-тина дена не е став на Државната изборна комисија, која е колективен орган и нема овластување да одлучува во име на други државни институции за распишување, одржување, одложување или евентуално почнување од почеток на изборните дејствија.

Ова во изјава за МИА го посочи членот на ДИК, Борис Кондарко, кој потенцира дека со претседателот на ДИК, Оливер Деркоски имаат одлична професионална соработка и оти и понатаму сите добро ќе функционираат како колективен орган и ќе ги исполнат сите законски обврски.

-Но во однос на конкретните наводи за почеток на сите рокови одново со нови 50-тина дена, без да полемизирам, би појаснил дека тоа не став на ДИК и лично не се согласувам од причини што, прво ДИК или кој било од нас не сме овластени да одлучуваме во име на други надлежни институции за распишување, одржување, одложување или евентуално повторувањее на изборите, како сто се сугерира со евентуално почнување од почеток на сите дејствија, вели Кондарко за МИА.

Како втора причина,  Кондарко го наведе тоа што, ДИК единствено мора да ги спроведува Изборниот законик и Уредбата со која го регулира прекинот на процесот, а според која моментално е предвидено дека сите дејствија на Комисијата до 21 март се во сила и важат, а дека процесот ќе продолжи со преостанатите 22 дена веднаш по завршувањето на вонредната состојба, без разлика кога тоа што се случи.

-Тоа значи дека по сила на Уредбата е детерминиран и датумот на гласањето. Во врска со ова појаснувам и дека се додека евентуално соодветните надлежни органи, како здравствените авторитети, не одлучат поинаку со нова уредба, ДИК е должна да се придржува кон постојната и да постапува по истата кога ќе се создадат објективни и законски услови за тоа, нагласува Кондарко за МИА.

Тој лично смета дека единствено би било потребно понатаму да се предвиди ДИК да може да добие МВР нова состојба на Избирачкиот список со пресек во моментот кога би продолжил изборниот процес по сила на постојната или на нова уредба со законска сила, бидејќи, како што посочи Кондарко, објективно состојбата на списокот по кој почнаа изборите е од 16 февруари, кога беа распишани, а во меѓувреме има тековни промени ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!