Утрински Весник
Македонија

Почеток на нова кампања од СОС Детско селo – „Ајде да менуваме животи“

Почеток на нова кампања од СОС Детско селo – „Ајде да менуваме животи“

Велат дека 1-ви е убав датум за почеток на убави нешта, а пак среда, среќен ден. Им посакуваме среќен почеток на сите ученици со желби за многу успеси во новата учебна година.

Но денес, со задоволство сакаме да споделиме за нас, уште еден убав почеток.

Под слоганот АЈДЕ ДА МЕНУВАМЕ ЖИВОТИ, СОС Детско село од 01.09.2021 започна со нова кампања и активности на терен. Имено, со цел да ја доближиме работата на нашата хуманитарна организација поблиску до граѓаните, почнувајќи од денес на повеќе локации низ Скопје ќе можете да ги сретнете нашите СОС претставници.

Ако видите ведар, оптимистичен, полн со енергија тим облечен во портокалови брендирани маички, тоа се нашите СОС амбасадори; пријдете и чујте ја нивната приказна.

Од нив ќе може да дознаете за најемотивната хуманитарна кауза која допира до секој од нас – за поддршката надецата без родителска грижа и воедно ќе може да ги добиете сите информации за тоа како секој од нас индивидуално може да помогне и да биде дел од еден благороден процес – да помогне за обезбедување на посигурна иднина на најранливите.

СОС Детско село веќе 20 години дава поддршка на децата и младите без родителска грижа и тоа се одвива секој ден, месец, година и така 365 дена во годината… Посветеноста и поддршката на децата и младите без родители и родителска грижа не може да застане, да прекине.Затоа поддршката од секој индивидуалец кој верува во нашата кауза е од огромно значење за континуитетот и одржливоста на нашата работа.

И затоа ве покануваме да станете наш СОС Пријател и да ни помогнете ЗАЕДНО ДА МЕНУВАМЕ ЖИВОТИ!

Нашиот СОС тим секогаш и единствено ќе бидат присутни на локациите кои секоја недела ќе бидат објавувани на веб страната и на социјалните мрежи на СОС Детско село.

Запознајте ги нашите СОС претставници, прочитајте повеќе информации за оваа нова активностна СОС Детско село и видете ги локациите за оваа недела на следниов линк.

Индивидуалната одговорност на секој од нас е многу важна за општеството.

Дали сте подготвени ЗАЕДНО ДА МЕНУВАМЕ ЖИВОТИ?

 

(ПР текст)

Можете да прочитате

ЗНМ и СЕММ: Новинарите имаат одговорност да известуваат професионално и етички во сензитивни ситуации

Јанев: Полицијата е партнер на граѓаните, обврска и задача е да им служи а не да владее

ВМРО-ДПМНЕ: Разбирлива е реакцијата на ДУИ за интерпелација на Тошковски, бидејќи сценарието за насилство и меѓуетнички тензии им е откриено