Утрински Весник
Култура

„Потрагата по допир“ – 16. издание на Танц Фест Скопје

„Потрагата по допир“ – 16. издание на Танц Фест Скопје

Вечерва и утре, со почеток во 20:00 часот, на отворената сцена во парк МКЦ, публиката ќе може да ужива вонајголем број авторски претстави на македонските кореографи Адријана Данчевска, Ивана Коцевска, Дејан Битровски, Валентино Апстоловски, Ивана Балабанова, како и апсолвентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Бобан Русески, Тереза Лазарев и Сара Цветковска.

Покрај нив, од танцовиот маратон со кој ќе се одбележи 30. јубилеј на македонска современа танцова сцена ќе бидат дел и реномираните американски кореографи Меган Бриџ со претставите “Consent” и “Morphic Resonance” и Кристина Бонансеа со исклучителната “GAMER”, кои ќе се претстават пред публиката во живо, додека делата на Стивен Петронио, Шамел Питс и Даг Верон ќе се прикажат онлајн во рамките на фестивалот, за првпат како дел од програмата ФОКУС:САД.

И покрај новиот амбиент и отворена сцена за годинешното издание на Танц Фест, заинтересираноста на публиката е исклучителна. Влезот за фестивалот е слободен, но со ограничен број на места, согласно протоколите донесени од страна на надлежните.

На фестивалот за првпат ќе биде прикажан и првиот македонски танцов филм „ДОМА“ на младата кореографка Адријана Данчевска, во продукција на Скопје танцов театар.

Публиката ќе има можност програмата да ја проследи и онлајн, интернационално, преку Јутјуб каналот на Танц Фест, како и преку националната МРТ и локалната ВИС Телевизија Струмица.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура, Град Скопје и американската амбасада во Скопје.

 

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“